Комисијата за берзи и хартии од вредност сè уште не ги признава криптовалутите како хартии од вредност, како што се акциите и обврзниците. Американските финансиери со нескриено жалење гледаат на неодамнешниот пораст на вредноста на биткоинот, имајќи предвид дека сегашните регулативи ги спречуваат.
Според Ројтерс, силната нестабилност на цената на најпопуларната дигитална валута од почетокот на оваа година не го намали ентузијазмот на инвеститорот Џим Полсен.
Сепак, на овој извршен директор на групацијата Лејтолд, кој управува со средства од една милијарда долари, не му е дозволено да чува биткоин во своето портфолио, поради регулаторните одредби.
Независна корелација
„Она што ми се допаѓа кај биткоинот е дека неговата корелација со акциите и другите класи на средства е исклучително независна“, вели Полсен.
Факт е дека има средства кои се однесуваат поинаку од акциите и обврзниците кои се повеќе ги “скокоткаат” управителите на фондовите. Добар дел од нив ја сметаат оваа криптовалута како добар штит од инфлацијата.
Скоро 20 проценти од финансиските советници препорачуваат инвестирање во криптовалути оваа година поради загриженост за зголемувањето на инфлацијата. За споредба, 6,3 проценти од советниците препорачаа таков потег минатата година, покажуваат податоците на Ситибанк.
Блек Рок, најголемата компанија за управување со инвестициски фондови во светот, на 21 јануари објави дека додала големи инвестиции во дел од нивните средства. Финансиските експерти сметаат дека овој потег на Блек Рок наскоро ќе го следат поинституционални инвеститори.