Додека повеќето компании ги отпуштаат своите вработени или им ги намалуваат платите, фирмите кои се засегнати со криптовали продолжуваат да ангажираат нови вработени.
Самиот концепт на блокчејн и криптовалутите, беа засновани на принцип кои ќе ги подготви потрошувачите и фирмите за ваква евентуална рецесија. Токму заради тоа, овие компании, не само што можат да ја преживеат оваа рецесија туку и можат да профитираат од неа.
Уште при крајот на февруари, 2020, кога вестите за ширење на коронавирусот почнаа да се шират, основачот на Кракен, една од најголемите компании за размена на криптовалути, приметил огромна бројка на нови членови на неговата платформа, кои со време реагирале и ги предвиделе економските последици.