ПОВЕЌЕ

    Ковид го затвори лондонскиот аеродром Гетвик, откажани летови до први октомври

    Време зa читање: 2 минути

    Хаосот предизвикан од избувнување на ковид во контролата на летање принуди еден од најголемите британски аеродроми да ги откаже летовите откако вирусот ја погоди контролата на воздушниот сообраќај.

    Дури на 25 илјади патници кои од лондонскиот аеродром Гетвик требаа да полетаат кон Шпанија и останатите дестинации, но им се откажани летовите откако меѓу вработените на контролата на летање се рашири вирусот на ковид, што предизвика недостиг на вработени. Пред два дена, бранот на ковид инфекции ги откажа летовите на шпанската компанија Вуелинг од неколку шпански аеродроми кон Велика Британија.

    Особено се погодени летовите на EasyJet на кои Гетвик им е матичен аеродром, но откажувања ќе претрпат и летовите на Ryanair, TUI и Wizzair.

    Аеродромот, исто така, го ограничи бројот на авиони кои доаѓаат и заминуваат од неговата писта до крајот на неделата, на 800 летови, се вели во соопштението на извршниот директор на аеродромот Стјуарт Вингејт.  Дневното ограничување ќе спречи откажувања и одложувања за патниците во последен момент додека Националните услуги за воздушен сообраќај (NATS) се вратат во нормала, соопштија од аеродромот.

    Најголем број откажувања ќе има во петок на 29 септември, при што се засегнати 33 поаѓања. 30% од персоналот во одделот за контрола на летање се болни поради различни причини, вклучително и СОВИД-19, се вели во соопштението на аеродромот.

    NATS им се извини на патниците, но рече дека различни медицински причини значат дека не може да управува со нормалниот тек во и надвор од аеродромот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично