ПОВЕЌЕ

    Ковачевски: Владата и бизнисот мора да покажат единство за доброто на граѓаните

    Време зa читање: 2 минути

    Владата и компаниите мора да покажат единство за доброто на граѓаните и на државата во справувањето со предизвиците кои ги наметна економско-енергетската криза. Пораката ја прати премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, ја посетија компанијата за производство на јајца „Везе Шари“.

    Во разговор со вработените во компанијата, како и со сопственикот Арбен Абдурахмани, заклучивме дека мора да покажеме единство, за доброто на државата и за доброто на граѓаните во оваа криза. Последно во низата замрзнувања на цените на основните прехранбени производи се јајцата од кокошка. Со ова, Владата оневозможува зголемување на цената на овие производи пред Велигденските празници и пред празникот Бајрам“, рече премиерот и потсети дека и малопродажбата е обврзана минимум 70 отсто од набавките што ги имала во текот на јануари и февруари во делот на снабдувањето со јајца, да ги има и во периодот кога цените се замрзнати, односно до 30 април.

    Тој додаде дека пред да се донесат антикризните мерки постојано се консултирал со Министерството за економија, во кои биле вклучени експерти, работодавачи, здруженија, претставници на стопанските комори, производителите, со цел никој да не остане сам да се справува со последиците од кризата. Со мерките што ги донесовме во текот на 2022, а ги продолживме во 2023 година, околу 750 милиони евра насочивме кон граѓаните и кон задржување на ликвидноста на компаниите, посочи Ковачевски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично