ПОВЕЌЕ

    Ковачевски и Битиќи во АД „Европа“: Добриот менаџмент и државната поддршка ја зајакнуваат пазарната конкурентност на компаниите

    Време зa читање: 3 минути

    Во услови кога во светот се затвораат фирми, дури и огромни компании, кога е доведено во прашање производството на познати светски брендови, чоколадната индустрија АД „Европа“ егзистира успешно и успешно обезбедува плата за 500 вработени. Развојот на компанијата покажува дека треба да се има јасна идеја, визија, план, стручни работници, добар менаџмент и посветено да се работи и секогаш ќе има резултати, нагласи премиерот Димитар Ковачевски, кој ја посети фабриката заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи. Притоа, додаде, успехот е можен во стабилна држава, која се грижи за опстанокот и развојот на домашните компании.

    „Многу е убаво кога ќе се види напредокот на компанијата, која е наш домашен, а истовремено и европски и светски бренд за чоколади, вафли, бонбони.

    За време на Ковид-пандемијата, „Европа“ како корисник на владината мерка за справување со кризата, набавила нова опрема за производство. Во 2019 година, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Вкупната исплатена државна помош кон компанијата по овој основ е 165 илјади евра. Сега, пак, користи државна финансиска поддршка од над 66.000 евра.

    „Ќе продолжиме силно да ги поддржуваме домашните компании и стандардот на граѓаните“, порача премиерот, кој уште еднаш отсети на определбата – да се обезбедат европски услови за живот дома.

    Заменикот на претседателот на Владата, Битиќи, рече дека „преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, ние создаваме доверба кај компаниите и ги стимулираме во влегување во нови инвестициски циклуси, како што е примерот со Европа“.

    Преку овој пристап, Владата обезбедува поддршка за локалните компании за нивно интегрирање во глобалните вредносни синџири, наведе вицепрмиерот Битиќи.

    „Ова е особено важно за АД ‘Европа’, која извезува на странските пазари во 26 земји на различни континенти, со што ја зајакнува нејзината конкурентност на пазарот, преку воведување нови производи. Компаниите како ‘Европа’ се наш локален производ и квалитет, кои извезуваат на светските пазари и ќе продолжат да се развиваат со партнерска поддршка на Владата“, истакна вицепремиерот.

    Генералната директорка на АД „Европа“ Скопје, Марика Караџова рече дека компанијата ги надминува предизвиците, по принципот да се инвестира, наместо да се штеди, што го практикуваат во изминатите неколку години инвестирајќи во нови производни линии и автоматизација на процесите, инвестирање во обновливи извори на енергија и слично.

    Со потпишаните договори за финансиска поддршка и со субвенциите од Владата успеавме да го одржиме бизнисот, посочи директорката на „Европа“, Марика Караџова.

    „Како компанија сме горди бидејќи ги задржавме сите наши купувачи, а уште повеќе охрабрува веста дека оваа година започнавме соработка со три нови купувачи од странство, што е доказ дека се движиме во правилна насока“, рече директорката Караџова.

    Скопска „Европа“ е една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Датира од 1882 година и успешно опстојува повеќе од 140 години. Работи по најсовремени методи и стандарди и остварува производство од околу 5.000 тони годишно, кое завршува на домашниот и на пазарите во странство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично