ПОВЕЌЕ

    Коста Котески го зголеми бројот на акции од „Реплек“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Заменик генералниот директор на „Реплек“, Коста Котески, купил уште десет акции од фармацевтската компанија. Ценовно чувствителната информација е објавена на Македонска берза.

    „Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува

    Членот на Управен одбор Коста Котески се стекна со 10 нови акции, при што вкупно поседува 350 обични акции“, наведено е во објавата.

    Што се однесува до акциите на „Реплек“, за нив има интерес од страна на инвеститорите. Според последната дневна берзанска официјална листа, просечната цена е 14.829,83 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично