ПОВЕЌЕ

    Коронa криза ќе ја чини Германија 391 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Германската економија досега изгуби повеќе од 212 милијарди евра поради пандемијата, пишува германски Велт.

    Економистите од германскиот институт за економски истражувања (DIW) го споредуваа предвидениот раст со таканаречениот потенцијален раст од 2020 до 2022 година. Тоа покажува колку германската економија би растела без пандемија.

    Пресметките се засноваат на претпоставката дека бројот на заразени навистина ќе падне на пролет и дека економијата потоа ќе започне да се опоравува.

    „Ако не успееме значително да го намалиме бројот на заразени до март 2021 година, тоа би било катастрофа“, вели претседателот на DIW, Марсел Фрачер. Веднаш штом ќе исчезне државната помош, Германија може да биде погодена од цунами од фирми кои ќе одат под стечај.

    Тој наведува дека на повеќето невработени лица ќе им биде многу тешко да најдат нова работа во тој случај, а таа побарувачка значително ќе опадне низ цела Европа.

    „Германија е во голема мера зависна од еврозоната, затоа треба да поминат години за да се опорави Европа, а особено Германија“, рече Фрачер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично