Ремдесивир, кој е потенцијалниот лек за Ковид-19, лекарите, политичарите и инвеститорите на Wall Street се вклучија во проценки за тоа колку би наплатил неговиот производител, „Gilead Sciences.“
Компанијата „Gilead“ ќе наплати 2.340 американски долари за петдневен третман во САД и другите развиени земји.
„Поминавме многу време и водевме дискусија за тоа како да пристапиме кон цените на овој лек“, рече директорот на „Gilead“, Даниел О’Деј.
Во отвореното писмо, главниот извршен директор О’Деј изјави дека цената на лекот е далеку под понудента вредност со оглед на тоа што раните отпуштања во болница би можеле да заштедат околу 12,000 американски долари по пациент, во Соединетите држави.
Ремдесивир е лек одобрен за итна употреба кај некои пациенти во САД. Цената на ремдесивирот за пациенти во САД со приватно осигурување ќе чини 520 доалри за една доза, а бидејќи лекувањето се состои од шест дози, вкупно ќе чини 3.120 долари.
Тоа е за 33 отсто повеќе отколку што „Гилеад“ им наплати на владите на развиените земји – 390 долари за една доза односно 2.340 долари за циклус. „Gilead“ постигна договор со американското Министерство за здравство, агенциите и државите, да се организира достава на лекот до болниците до крајот на септември. Европска Унија дозволи употреба на лекот под услов пациентот да е во тешка состојба.
Ремдесивир претходно не се покажа како успешен во третманот со ебола и не покажа дека може да ги намали смртните случаи на Covid 19. Ефективноста на ремдесивир против Covid 19 е елаборирана во една студија за 1.063 пациенти спроведена од Националниот институт за алергија и заразни болести. Во резултатите објавени кон крајот на април, а подоцна објавени во New England Journal of Medicine (NEJM), лекот го намалува просечното време на кое пациентот треба да се опорави од 15 дена на 11 дена со 10-дневно лекување.
Експерименталниот антивирусен ремедивир спасил жена која била во критична состојба и им помогнал на 14 заразени патници на бродот Diamond Princess.
Лекарите во САД имаат третирано повеќе од десетина пациенти заразени од коронавирус со ремедивир – нов експериментален лек. Лекот и бил даден на жена од Калифорнија која била во критична состојба. Нејзиниот тим на лекари верувале дека болеста ќе ја совлада, но таа имала извонреден пресврт.
Исто така, 14 патници од САД кои биле на бродот Diamond Princess биле третирани со ремедивир во Јапонија. Докторите верувале дека сите 14 патници, кои биле постари лица ќе умрат, но половина од нив веќе се излечени целосно.
Лекарите велат дека треба да се направат повеќе истражувања во врска со ефикасноста на ремедивир, како и неговите несакани ефекти.