ПОВЕЌЕ

    Конгресот на САД одобри пакет помош за скоро 900 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Конгресот на САД во понеделникот одобри пакет помош од 892 милијарди американски долари, кој обезбедува спас за економијата и поединците погодени од пандемијата и продолжува со финансирање на федералната влада.

    Наскоро се очекува и претседателот Доналд Трамп да го потпише пакетот.

    По еден ден жестоки преговори, двата дома на Конгресот работеа цела ноќ за да го усвојат законот. Тој беше одобрен од Претставничкиот дом, а неколку часа подоцна и од Сенатот.

    Законот обезбедува директна помош на повеќето Американци во износ од 600 американски долари, ги зголемува надоместоците за невработеност. Милјарди долари помош се наменети и за малите бизниси, помош за храна, дистрибуција на вакцини и транспорт и здравствена заштита.

    Новиот стимулативен пакет беше договорен по повеќемесечни преговори, и доаѓа во време на рапидно ширење на ковид-19, која заразува повеќе од 214.000 луѓе во САД секој ден.

    Тоа ќе биде втор најголем економски стимул во историјата на САД, по пакетот помош од 2,3 трилиони долари усвоен во март.

    Претседателот на Претставничкиот дом, демократот Ненси Пелоси, рече дека го поддржува законот за помош на погодените од коронавирус, иако тој не вклучува директна помош за државата и локалните самоуправи, што демократите го бараа. Таа рече дека ќе го побара тоа повторно следната година откако Бајден ќе ја презеде функцијата претседател на САД.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично