Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за КОНФИСКАЦИЈА на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец, објави денес министерот за транспорт и врски и вицепремиер Александар Николоски на својот Фејсбук профил.
„Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата, со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби“, напиша Николоски.
Во октомври минатата година порталот Плусинфо објави дека на спортскиот аеродром Стенковец бил изграден објект кој организира свадби и други настани и концерти, а на социјалните мрежи се спомнуваше податокот дека објектот има неверојатни 250.000 квадратни метри.
Тогаш од Аероклубот „Скопје“ тврдеа дека нема ништо спорно. Долгогодишниот член на Аеро-клубот и инструктор по падобранство, Јане Стефанов, објаснуваше дека тоа што настаните во „Дион Стенковец“ се рекламираат како да се одржуваат на површина од 250.000 квадратни метри е само „рекламна хипербола“ на Инстаграм, но дека реално се користат само околу 35.000 квадрати, без да се зафаќа пистата или целиот аеродром, односно дека ваквите тврдења биле само рекламен трик.
Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти, во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.
Во октомври минатата година, Државниот градежен инспекторат донесе решение за рушење на објект во кој се организираа свадби и други веселби на спортскиот аеродром Стенковец со кој оперира Аероклубот „Скопје“ бидејќи бил дивоградба и е небезбеден за организирање на свечености.
Инспекторатот тогаш соопшти дека при вонредниот инспекциски надзори констатирани се низа неправилности во однос на градбите, односно констатирано е дека на лице место постојат објекти кои се дивоградби, а во истите се организирале настани (свадби, прослави, други активности).
Била изречена и забрана за користење на салата за свадби, терасата и апартманите, за организирање на музички концерти, родендени и свадби бидејќи претставуваат непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето. Инспекторатот му забрани на Аероклубот да не врши ниту адаптација на намената на Хангарот за авиони за организирање на музички концерти, родендени и свадби, без да поседува Одобрение за пренамена.
Тогашниот вонреден инспекциски надзор, како што е соопштено, бил по налог на владата.
Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност, истакна во својата денешна објава Николоски.
Аналитика








