
Министерот за локална самоуправа Златко Перински предлага Регулатор, како кај струјата, да ја преземе обврската за утврдување цени на комуналните услуги. Со ова цените нема да бидат подложни на дневна политика и договори, а граѓаните би добиле квалитетни услуги. Тој ги потсети градоначалниците дека Законот предвидува разрешување на директори на јавни комунални претпријатија кои работат со загуба два квартали. Но, за ова мора да има и реална одговорност.
„Само ќе ви потсетам дека цената на услугата на комуналните претпријатија во најголем дел се утврдува на седница на Совет. Тоа утврдување на висината на цената на комуналната услуга, сакале или не, секогаш е зависна од политика. Можеби, повторно ќе кажам, ќе си каже ресорниот министер за ова дали правилно размислувам или не, но ова е мојот личен став, можеби е време, да Регулаторот, како што одредува висина на електрична енергија, така да ја преземе одговорноста и во делот на одредување на висина на комуналната услуга во рамки на јавните комунални претпријатија за да на еден, би рекол, можеби посоодветен, постручен начин…“
Притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Аналитика








