
Министерот за локална самоуправа Златко Перински вели дека државата правно не може да ја одземе ингеренцијата за „Комунална хигиена“ на Град Скопје освен во точно определен случај. Тоа е ако вработените прогласат генерален штрајк. Дополнително, во изборен период централната власт не смее да повлекува потези кои би ја нарушиле легитимноста на изборниот процес. Поради ова, според Перински, беше оставено Скопје да тоне во смет и да има опасност од зарази.
„Единствената можност државата, централната власт, да бидам попрецизен, Министерството за транспорт, бидејќи во рамки на негови ингеренции е Законот за комунални дејности, имаше можност да одземе ингеренција од страна на Град Скопје во делот на Јавното претпријатие Комунална хигиена, доколку вработените повикаа на генерален штрајк и тој генерален штрајк влезеше во сила и така натака. Во тој случај, само да завршам, државата ќе употребеше механизми кои што на сметка на Градот, повторувам, на сметка на Градот, немаше што се плаќаат од централниот буџет, Градот ќе требаше да го преземе финансискиот товар, а централната власт преку ресорниот министер да ги спроведе и реализира на тема. Тоа не се случи и немавме законска можност за тоа да го направиме.“
Притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Аналитика








