ПОВЕЌЕ

    Компаниите и граѓаните имаат 8,6 милијарди евра депозити и 7,2 милијарди евра кредити

    Време зa читање: < 1 минутa

    Граѓаните и компаниите го задржуваат темпото и на штедење и на задолжување. Порастот на вкупните депозити е за 8,7 а на вкупните кредити за 5,1 насто. Движењата се забележани во декември, на годишно ниво.

    Со овие промени кај депозитната страна е нотиран износ од 534,240 милиони денари или 8,67 милијарди евра, а кај кредитите 444,721 милион денари, односно 7,21 милијарда евра.

    За ваквата состојба придонес имаат и двата сектори – корпоративниот и домаќинствата. Сепак, се посочува во извештајот на Народната банка за монетарните движења во декември, поизразено е учеството на населението како резултат на повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.

    Кај вкупните депозити соодносот компании – домаќинства е 161,432 милиони денари/2,62 милијарди евра наспроти 348,745 милиони денари/5,66 милијарди евра.

    И во поглед на задолжувањата доминираат граѓаните. Во вкупните кредити партиципираат со 229,404 милиони денари (3,72 милијарди евра), додека делот на компаниите е 212,768 милиони денари (3,45 милијарди евра).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично