Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите ценети клиенти пензионери дека од вторник, 28.09.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец септември.
На пензионерите кои имаат активна дебитна картичка пензијата ќе им биде на располагање истиот ден и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:
вторник, 28.09.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари
среда, 29.09.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
четврток, 30.09.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
петок, 01.10.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари
Од банката потсетуваат дека клиентите, заради заштита на своето и здравјето на вработените, при посета на шалтер задолжително мора да ги следат сите пропишани мерки за заштита и превенција од вирусот Covid-19 – држење на пропишаното минимално растојание, носење заштитна маска, марама или шал и задолжителна дезинфекција на рацете.