Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на декемвриските пензии од понеделник, 28.12.2020 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
- понеделник 28.12.2020 година, исплата на пензии до 11.000 денари
- вторник 29.12.2020 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
- среда 30.12.2020 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
- четврток 31.12.2020 година, исплата на пензии над 18.000 денари
За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од Коронавирусот на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банката строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.