Visa Business debit, Visa Business Revolving и Visa Business Corporate се трите картички што за луѓето од деловата фела ги нуди Комерцијална банка. Visa Business картичките овозможуваат целосна контрола на финансиите, со што непотребно не се губи време, ниту се трошат пари.
На корисниците овие картички им обезбедуваат повеќе поволности. За почеток, во промотивниот период до 30 јуни – бесплатна уплата на дневниот промет на банкомат. Следуваат: плаќање службени трошоци без провизија, секаде во светот; целосна контрола на трошењето средства од картичките; купување преку Интернет; подобар готовински тек (cash flow); дневен лимит по картичка зависно од потребите; бесплатна дигитализација на картичките во Google Wallet™ и во Garmin Pay™.
Visa Business картичките, посочуваат од Комерцијална банка, одговараат на потребите на секој динамичен, развоен и иновативен бизнис.