Александра Максимовска Стојкова, Ванчо Чифлиганец, Горан Антевски, Сашо Наумоски, Фатмир Етеми, Ивана Милковска Симева и Петар Теговски и официјално се членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка. Народната банка издала согласност, а информацијата е споделена преку Македонска берза.
Членовите, од кои двајца се нови, а петмина се реизбрани, функциите во Надзорниот одбор ќе ги извршуваат во наредните четири години. Овој состав беше верификуван на акционерското Собрание на Банката, што се одржа на 27 март.
Новоименувани се независните членови Милковска Симева, која е заменик генерален директор и еден од поголемите акционери на „Гранит“ и Теговски кој своевремено беше во раководството на некогашна Охридска банка.
Во претходната постава, на која мандатот и заврши на 20 месецов, беа Сава Димитрова, поранешна долгогодишна директорка на „Европа“ и академикот Таки Фити. Тие беа на челните позиции на Надзорниот одбор, Димитрова претседателка, Фити заменик претседател.