ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Шалтерите отворени до 17 часот, онлајн банкарство 24/7

    Време зa читање: < 1 минутa

    За работа со граѓаните, шалтерите во повеќето филијали и експозитури на Комерцијална банка повторно ќе бидат отворени до 17 часот. Со ова, во текот на работната недела, од понеделник до петок, голем број шалтери со најдолго работно време на пазарот, им се достапни на клиентите.

    Исто така, секоја сабота филијалите на Банката низ целата земја, како и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот. Експозитурата во East Gate mall, пак, е со работно време до 14 часот.

    Од Комерцијална банка посочуваат дека на овој начин им излегуваат во пресрет на клиентите, кои имаат потреба од шалтерските услуги.

    Информациите за редовното работно време на филијалите и експозитурите на Комерцијална бака се достапни веб страницата kb.mk.

    Освен тоа, клиентите можат во секое време и од секое место да извршат финансиски трансакции преку дигиталните канали Интернет банка и мБанка. Исто така и преку мрежата на банкомати и во дигиталните експозитури на Комерцијална банка, кои се на располагање 24/7.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично