Повисоки камати за денарските и за девизните влогови на граѓаните орочени од шест до 36 месеци, ќе пресметува Комерцијална банка од среда, 15 март. Исто така, предвиден е и стимулативен додаток за депозитите во денари. Наменет е за сите тие кои имаат договор за стимулативна каматна стапка за влог од еден милион до 20 милиони денари. Како што соопштуваат од Банката, со зголемувањето на каматните стапки им овозможува на своите клиенти заштеди со уште поголеми приноси.
Конкретно, до 0,75 процентни поени се зголемуваат каматните стапки кај договорите со фиксна каматна стапка за денарски и девизни депозити во евра, за рочност од 6 до 36 месеци, а склучени по први октомври 2017 година. Новите каматни стапки кај постојните договори ќе се применуваат по истекот на рокот за орочување. За депозитите во домашната валута новите стапки се движат од 0,10 до 2,30, а кајоние во евра – од 0,40 до 1,30 проценти.
До 0,30 процентни поени се зголемуваат каматите за денарски и девизни депозити во евра, орочени од 12 до 36 месеци, за договори склучени пред први октомври 2017 и се со прилагодлива каматна стапка. Повисоките каматни стапки за денарските депозити се движат од 0,40 до 1,50, а за влоговите во евра од 0,25 до 0,70 проценти.
Со зголемување на стимулативниот додаток за 0,10 процентни поени кај денарските депозити со договор со стимулативна каматна стапка, штедењето на износ од еден милион до 20 милиони денари, велат од Комерцијална банка, станува уште поатрактивно. Највисоката стимулативна фиксна каматна стапка за денарски депозити изнесува 3,9, а за депозити во 2,8 проценти.
Исто така, посочуваат од Банката, освен атрактивниот принос, овозможено е и онлајн орочување на веќе отворени штедни депозити за активните корисници на Интернет банка, штедење без книшка, односно со целосно дигитална евиденција преку Интернет банка и мБанка, како и поддршка и совети од вработените за најдобри одлуки на клиентите.