И во услови на силно изразена динамичност на девизните пазари, Комерцијална банка им обезбеди врвна услуга на своите клиенти, поради што по 12. пат е прогласена за „Најдобра FX банка во Македонија“ од угледниот меѓународен магазин „Global Finance“.
Магазинот, со седиште во Њујорк, ја награди Комерцијална банка за најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Република Северна Македонија за 2023 година. Изборот за „Најдобра FX банка“ е направен врз основа на неколку критериуми, кои вклучуваат: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, ниво на услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење иновативни технологии.
„Враќањето на стапките на инфлација на ниво невидено во последните четири децении драматично ја зголеми волатилноста на девизните пазари. Како никогаш досега беше критичен изборот на најдобрите FX партнери. Овие награди им припаѓаат на банките чии FX одделенија им обезбедија на своите клиенти супериорно водство во овие променливи времиња“, изјави Џозеф Д. Џиарапуто, основач и уреднички директор на „Global Finance“.
Годинашните награди од „Global Finance“, кои се доделуваат 23. година по ред, повторно беа во чест на Гордон Плат, кој почина во 2020 година, а со години беше главниот носител на програмата за доделување на наградите за најуспешно работење во доменот на тргување со финансиски инструменти во речиси 100 земји во светот.
Комерцијална банка останува посветена на пружање најдобри услуги и севкупна понуда за квалитетно задоволување на финансиските потреби на клиентите. Најновото признане е потврда дека сме успешни во нашата мисија, која е препознаена на глобално ниво.