ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Пензиите достапни од понеделник

    Време зa читање: < 1 минутa

    За пензионерите – клиенти на Комерцијална банка пензиите се достапни од понеделник – 31 јули.

    Корисниците на активна дебитна картичка со своите пари ќе може да располагаат истиот ден. Притоа, имаат можност пензијата да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Исплатата за пензионерите кои не користат платежни картички, се организира во две групи одредени согласно висината на пензијата.

    Во понеделник, на банкарските шалтери ќе врши исплата на пензиите до 14.000 денари.

    Утредента, во вторник (01 август) исплата ќе има на пензиите поголеми од 14.001 денар.

    Од Комерцијална банка апелираат да се почитува наведениот распоред, со цел да се избегнат редиците за сите корисници на услугите во филијалите и експозитурите на банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично