Комерцијална банка како современа и пазарно ориентирана компанија посветува значајно внимание на своите човечки ресурси, сметајќи ги за еден од најзначајните фактори преку кои се определува конкурентноста на компаниите.
Инвестирањето во човечки ресурси, вложувањето во тимска работа и стручната едукација со цел нивен континуиран развој и унапредување на кариерата се наш клучен и континуиран приоритет.
Деловниот свет постојано се менува, а и ние се менуваме. Постојано нудиме можности за динамична работа во креативна атмосфера. Доколку сакате да станете дел од тимот на Банката, ја очекуваме Вашата апликација за вработување.
Комерцијална банка објави:
Оглас за вработување Помлади соработници (Cashier) во експозитури во Скопје – 15 извршители
Работна позиција: Помлад соработник (Cashier) во експозитурите на Банката во Скопје.
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци (со можност за трајно вработување).
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 25.000,00 денари.
Огласот важи до 11.02.2022 година.
Работни цели и задачи:
- Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет
- Понуда на депозитни производи
- Промоција и продажба на банкарски производи
- Брз трансфер на пари
- Менувачко работење
- Учество во промотивни кампањи
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки
- Познавање на англиски јазик и MS Office алатки
- Со или без работно искуство (познавање на банкарските процеси ќе се смета за предност)
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност
- Прецизност во извршување на работните задачи
- Ориентираност кон потребите на клиентите
- Адаптибилност во динамична работна средина
- Комуникациски вештини за работа во тим
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Помлад соработник – Cashier”.
Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.