Комерцијална банка АД Скопје вработува 1 (еден) извршител на позиција Самостоен стручен соработник за проценка на имот и опрема на определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.
Потребни квалификации и способности:
- Завршен Градежен, Архитектонски или Економски факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
- Работно искуство најмалку 4 години,
- Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
- Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување
- Возачка дозвола
- Уверение за положен испит за проценувач од областа на недвижен имот, како и уверенија за положен испит за проценувач од други области.
Работно време: 40 часа неделно. Почетна основна нето-плата: 40.770,00 денари.
Огласот трае заклучно со 04.06.2020 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо, копија од Диплома за завршено високо образование, копија од Уверение/ја за положен испит за проценувач на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса [email protected] со назнака: „Oглас за вработување на Самостоен стручен соработник за проценка на имот и опрема”
Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 3-168-412
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани. На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.