ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка нема реализирано блок-трансакција со акции од Стопанска банка Битола

    Време зa читање: 2 минути

    Ве информираме дека текстот објавен на вашиот портал со денешен датум (https://pari.com.mk/za-52-iljadi-evra-komercijalna-gi-kupi-prvite/) претставува неточна информација.

    Комерцијална банка нема реализирано блок-трансакција со акции од Стопанска банка Битола. Заради појаснување го цитираме членот 36 од Законот за преземање трговски друштва, согласно кој „Од денот на објавувањето на намерата за преземање до истекувањето на рокот за прифаќање на понудата за преземање, преземачот не смее надвор од постапката за преземање, директно или индиректно, да купува хартии од вредност на кои се однесува намерата. Правното дело склучено спротивно на оваа одредба е ништовно”.

    Со оглед на тоа што Комерцијална банка целосно ги почитува законските прописи, ве известуваме дека Комерцијална банка нема во сопственост ниту една акција од Стопанска банка Битола, ниту додека трае постапката за преземање нема да се стекнува со сопственост на акции од Стопанска банка Битола, се до евентуално успешно завршување на постапката.

    Блок-трансакцијата која се спомнува во вашиот текст е извршена од друго брокерско друштво и за друг купувач, а не за Комерцијална банка.

    Согласно наведеното, потребно е да ја повлечете објавената погрешна информација и да го објавите демантот од Комерцијална банка во интегрална форма со назнака дека на вашиот портал претходно е објавена неточна информација со наслов „За 52 илјади евра Комерцијална ги купи првите 1.000 акции од Стопанска банка Битола“.

    Поралот Пари им се извинува на Комерцијална банка, на Стопанска банка Битола и на читателите за ненамерно направениот пропуст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично