Во врска со прес-конференција одржана на 14.08.2020 година, на Г-динот Костовски за состојбите во Еуростандард банка, а со цел да се спречат можните шпекулации, Комерцијална банка АД Скопје би сакала да укаже на следното – Еуростандард банка нема обврски кон Комерцијална банка. Точно е дека компанијата Гофи користи долгорочен кредит од Комерцијална банка во износ од околу 5 (пет) милиони евра.
Побарувањето на Комерцијална банка по овој кредит е обезбедено со т.н. зграда на Поштенска банка и со дел од зградата Палата Македонија. Зградата на Еуростандард банка не е под хипотека во Комерцијална банка, како што можеше да се стекне впечаток од изјавите дадени на вчерашната прес-конференција.