ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 29.04.2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 29.04.2020 година ќе врши исплата на дивиденда за 2019 година. Право на исплата на дивиденда за 2019 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 23.04.2020 година.

    Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки во Комерцијална или во друга банка.

    Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.

    Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери – физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.

    Средствата од дивидендата за 2019 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на сметките на физичките лица во Комерцијална банка АД Скопје. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување/инструкција за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата од дивидендата преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената сметка. Доколку некој акционер,  резидент физичко лице, нема дадено такво овластување, а сака дивидендата да му биде исплатена на сметка во друга банка, да го стори тоа преку доставување инструкции во електронска форма, кои може да се најдат на веб-страницата на Банката.

    Согласно член 85, став 11, од Законот за данокот на личен доход,  пресметката на данокот на доход од дивиденда остваренa со учество во добивката во 2019 година, a исплатена во 2020 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата.

    Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви:  (02) 3168 311, 3168 310 и 3168 308.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично