ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ќе исплаќа дивиденда – 500 денари за акција – од четврти мај

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје на четврти мај ќе почне со исплата на дивиденда за 2022 година. Средствата ќе ги добијат сите акционери евидентирани во книгата на акции на 18 април.

    Според одлуката донесена на Годишното собрание, дивидендата за обичните акции е во висина од 50 отсто од номиналната вредност на акцијата. Односно по 500 денари за акција.

    На претпријатијата парите ќе им бидат префрлени на платежните сметки во Комерцијална или во друга банка.

    Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка како исплатувач на доход по основа на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на поединци ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.

    Поради тоа што Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци, Комерцијална банка ги повикуваа акционерите – физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да преземат соодветни мерки и тоа да го регулираат според процедурите на Управата. Пред се, тоа се однесува на малолетните и на други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид.

    Понатаму, тие преку е-ППД системот ќе ги добијат средствата од дивидендата на своите платежни сметки во Комерцијална банка. Исклучок ќе бидат оние лица кои претходно дале овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Доколку, пак, некој акционер, резидент физичко лице, нема дадено овластување, а сака парите да му се исплатат во друга банка, треба да достави инструкции во електронска форма преку веб-страницата www.kb.mk во делот „ЗА НАС \ Односи со инвеститори“

    Исто така, по исплатата на дивидендата секој акционер ќе добие пресметка на данокот на доход, што е согласно член 85, став 11 од Законот за данокот на личен доход.

    Дополнителни информации  може да се добијат на телефонските броеви: (02) 3168-313, 3168-309, 3168-323 и 3168-311.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично