
Комерцијална банка ја претставува реновираната филијала во Тетово, која е создадена со цел да обезбеди повисоко ниво на услуга, поголема удобност и модерен изглед, што целосно го следи духот на современото банкарство.
Новата филијала е осмислена како простор во кој функционалноста и елеганцијата се надополнуваат со пријатно клиентско искуство. Филијалата располага и со современ и енергетски ефикасен ВРВ систем за климатизација и за вентилација со рекуперација на енергијата.

Со новиот ентериер и подобрена организација на просторот, граѓаните и компаниите во Тетово ќе можат уште полесно, побрзо и поудобно да ги користат сите банкарски услуги.
Филијала Тетово нуди богата палета на финансиски производи и услуги: отворање платежни сметки во денари и во девизи за физички и правни лица, плаќања во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење, како и можност за користење кредитни и депозитни производи, купување удели во инвестициски и пензиски фондови, склучување осигурителни полиси и користење на e-commerce решенија за раст и развој на бизнисите.

Клиентите имаат на располагање и стручен, љубезен и посветен тим, кој е подготвен да даде консултации и да помогне при изборот на најсоодветното финансиско решение, без разлика дали станува збор за кредит, користење картичка или услуга што го олеснува секојдневното управување со парите.

Шалтерите на филијалата работат од понеделник до петок, од 8 до 17 часот.

Комерцијална банка со реновираната Филијала Тетово уште еднаш ја потврдува својата определба да биде блиску до клиентите и да создава простор каде секој се чувствува добредојден и сигурен.
Аналитика








