ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Исплатата на пензиите почнува на 1 март

    Време зa читање: < 1 минутa

    Пензионерите со дебитна картичка издадена од Комерцијална банка со парите од февруарската пензија ќе може да располагаат од петок (први март). Средствата можат да ги подигнат на банкомат или да ги користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Клиентите кои не користат дебитна картичка, пензијата ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.

    Од Комерцијална банка известуваат дека повеќето филијали и експозитури им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок. А, во сабота филијалите на Банката низ целата земја и повеќето експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall е отворена до 14 часот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично