ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка АД Скопје е добитник на наградата „7 Септември“

    Време зa читање: < 1 минутa

    За особен придонес преку поддршка на стопанството во Општина Кавадарци, Комерцијална банка АД Скопје е добитник на наградата „7 Септември“, која ја доделува оваа општина.

    Наградата му беше врачена на Главниот извршен директор, Г-динот Хари Костов, од страна на градоначалникот на Општина Кавадарци, Г-динот Митко Јанчев, на свечена седница која се одржа на 07.09.2020 година во Кавадарци.

    Комерцијална банка веќе 65 години е клучниот партнер на компаниите и столбот на доверба кај граѓаните. Најголем број од компаниите во земјава со Комерцијална банка чекорат на патот кон успехот затоа што Банката низ годините на развој создава нови вредности, отвора врски кон светот и изгради високо професионален и стручен тим. Одговорноста, транспарентноста, ефикасноста, иновативноста се вредностите кои Комерцијална банка ја прават традиционално прв избор на клиентите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично