Комерцијална банка АД Скопје ги известува клиентите дека од 02 март 2022 година експозитурата „Буњаковец“ нема да работи поради реновирање.
На располагање на клиентите ќе им бидат експозитурите на Банката кои се наоѓаат во непосредна близина – „Централа КБ1“, „Лептокарија“ и „Капиштец“.
Секако, клиентите може да вршат финансиски трансакции и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка и KomPay, широката мрежа на банкомати и дигиталните експозитури на Комерцијална банка, кои им се на располагање 24/7.
Клиентите ќе бидат навремено известени за отворањето на модернизираната експозитура „Буњаковец“, во која ќе добијат не само широка палета на производи и услуги, туку и подобрено корисничко искуство.