ПОВЕЌЕ

    Еве колку заработува штипската конфекција Алкон Текс!?

    Време зa читање: 2 минути

    Десетина текстилни работнички од штипската конфекција Алкон Текс на кои им заврши принудниот одмор од три месеци, бараат да се вратат на работа. Веќе втор ден се пред фабриката од страв да не се повтори Баргала кога работниците беа избркани бидејќи три дена не доаѓале на работа.

    Оваа гранка се очекува да биде оосбено погодена во наредниот период поради општата ситуација настаната од ковидот кога се намалија нарачките во и така лесно кршливиот текстилен сектор. Баргала веќе подели откази, а Алкон Текс ги испрати на принуден одмор дел од работниците.

    Pari.com.mk и БизнисМрежа.мк ја обелоденија загубата на Баргала од еден милион евра. Да погледнеме во каква финансиска состојба е Алкон Текс, текстилната фирма во која вработените стравуваат за своите работни места:

    • Во 2019 година оваа текстилна фабрика прикажала приход од 1.6 милиони евра. Сепак компанијата остварила загуба од 12 илјади евра
    • Наредната 2020 финансиската состојба на фирмата се влошила. Алкон Текс акумулирал приход од речиси 1,5 милиони евра. Но минусот на сметката се продлабочил. Фирмата ја завршила годината со загуба од околу 170 илјади евра
    • Во 2019-та текстилната фабрика имала 296 вработени, додека во 2020-та нивниот број се намалил на 280 работници

    Редакција Вечер

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично