ПОВЕЌЕ

    Колку заработува најплатената директорка во Велика Британија?

    Време зa читање: 2 минути

    Дениз Коутс, директор на компанијата за коцкање преку Интернет „Bet365“, постави нов рекорд како најплатена извршна директорка во Велика Британија, со пакет од 421 милиони фунти (493,5 милиони евра), што ја прави една од најплатените фирми во светот.

    На дневна основа, Коутс има приход од 1,6 милиони долари.

    Најновите извештаи покажуваат дека нејзината основна плата се зголемила за 277 милиони фунти во 2019 година. Зголемувањето следуваше и покрај фактот што приватната компанија претрпе пад на приходите на 2,8 милијарди фунти, пишува „Ирши тајмс“.

    Нејзината плата е седум пати поголема од платата на Тим Штајнер, извршен директор на Окадо, најплатениот шеф во FTSE 100.

    Исто така, таа е само малку пониска од платата на Илон Маск, извршен директор на Тесла, кој заработи 595 милиони долари во 2019 година, според Блумберг. Весникот наведува дека треба да се земе предвид дека неговата заработка вклучува и акции.

    Благодарение на успехот во бизнисот со коцкање што Коутс го презеде од нејзиниот татко пред 20 години и кој сега го поседува и го води заедно со нејзиниот брат, таа редовно беше најплатениот извршен директор во Велика Британија во последните пет години.

    Минатата година таа беше најбогата жена во Велика Британија според списокот на “Сандеј Тајмс”, но во 2020 година даде 85 милиони фунти за хуманитарни цели.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично