Од Одборот на директори на Телеком одат Вуиќ, Мехмети, Велевски, Симјановски и Ефримовска.
Како што е соопштено владата му препорача на Собранието на акционери на Македонски Телеком, да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори:
Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори.
За членови на Одборот на директори да ги избере:
- Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член
- Бардул Насуфи – неизвршен член
- Зоран Китанов – извршен член
- Нина Ангеловска – неизвршен независен член
- Садула Дураку – неизвршен независен член, и
- Аќиф Мехдиу – неизвршен член
Еве какви надоместоци, според „Податоците за примања во Македонски Телеком и во други друштва доколку членот е член на органи на управување и во други друштва (плата, надоместоци на плата, надоместок за членство, бонус, осигурување и други права)“, примале членовите на Одборот на директори назначени од Владата.
- Назим Буши кој е неизвршен член и претседател на Одбор на директори лани земал 310.000 денари месечен надоместок за членство.
- Сашо Велевски неизвршен член и заменик-претседател на Одборот на директори месечно добивал по 93.000 денари надоместок.
- Сашо Симјановски како неизвршен член на Одбор на директори месечно добивал по 62.000 денари надоместок за член.
- Мирослав Вујиќ исто така неизвршен член на Одборот на директори семал надоместок во износ од 62.000 денари.
- Дивна Јовковска-Ефремоска која е независен член на Одборот на директори исто така месечно добивала 62.000 денари како надоместок за членство.
- Замир Мехмед, независен член на Одборот на директори земал месечен надоместок од 62.000 денари.