ПОВЕЌЕ

    Колку пари сврте Нина со Групер? – Пари ексклузивно открива

    Време зa читање: 4 минути

    Кога пред десет години на студ и снег на плоштад Македонија, Нина Ангеловска заедно со нејзините соработници се бореле со ветрот за да се исправи балонот на топол воздух кој ја носел пораката за раѓањето на Grouper изгледа пораката завршила на вистинското место. Grouper не само што успеал да се справи со сите ветрови туку е првиот сајт за групни попусти кој станува лидер на пазарот на е-трговија во Македонија и платформа која го поттикна он лајн купувањето во земјата.

    Мрежата на соработници брои над 2000 компании, над 100.000 корисници се регистрирани за купување на Grouper, а платформата има над 500.000 посетители месечно. По десет години развој во нагорна линија на фирмата, деновиве косопственичката и директорка на Grouper, Нина Ангеловска објави дека Grouper стана член на Payten (дел од полската групација Аsseco SEE) фамилијата, со што очекува уште поголем раст на фирмата.

    Но, колку всушност заработуваше Grouper низ годините, ви открива Pari.com.mk. Според податоците кои ги добивме од БизнисМрежа.мк за добивката на компанијата од 2015 година па наваму, се забележува дека фирмата бележи речиси континуиран раст на профитот.

    Од 2015 до 2020 година вкупната заработка на Grouper изнесува над половина милион евра или поточно 545 000 евра.

    Од речиси 42 илјади евра добивка во 2015, околу 65 илјади евра 2016-та, мал пад е забалежан во 2017-та година кога Grouper завршил со профит од 60 илјади евра. Растот продолжува во 2018-та кога е забележана заработувачка од околу 109 илјади евра. Во 2019-та добивката на фирмата продолжува да расте и изнесува 123 илјади евра. Во 2020 година Grouper ќе оствари профит од 146 илјади евра.

    Подетално податоците за приходите и добивката на Grouper може да ги погледнете во следната табела каде што бројките се изразени во денари:

    Нина Ангеловска сега веќе поранешна косопственичка на Grouper, a во јавноста позната уште како поранешна министерка за финансии, од својата компанија преку емотивна порака се прости на фејсбук.Како што и самата вели кога на 22 години се одлучиле со уште двајца партнери да тргнат по претпримачкиот пат се било непознато и со пречки. Она што во својата објава изостави да каже е по која цена ја продаде својата компанија.

    -Првата платформа за групни попусти во Македонија е лансирана во време кога е-трговијата речиси и да не постоеше, картичките се користеа многу малку, социјалните медиуми беа во зародиш, а малите компаниите речиси и да не користеа дигитални алатки и немаа он лајн присуство. Grouper ja расчисти патеката за многу компании кои сакаат да влезат на пазарот за е-трговија и изгради доверба во купувањето преку интернет. Секоја совладана препрака (а ги имаше многу) значеше многу работа ама и нови собрани знаења и искуства што не правеа подобри и попаметни за следната. Придонесот на Grouper беше препознат дома и меѓународно преку бројните награди и признанија (Forbes, UNCTAD и многу други), напиша во својот фејсбук статус Ангеловска.

    Инаку новите газди на Grouper, Payten, сe провајдер на целосни софтверски решенија за платежната индустрија и дел од ASSECO групацијата – една од водечките софтверски компании во Европа, која од неодамна значајно го шири бизнисот со вклучување на компании во доменот на развој на софтвер за платежни солуции во Европа и пошироко. Покрај платежните солуции, ивестициите и ширењето во е-трговија е стратешката определба на компанијата, а Grouper е првата e-commerce платформа од регионот која стана дел од групацијата.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично