Колкава цена побарале од ЕСМ на годишниот тендер ќе се знае по целосното завршување на постапката. Така било одлучено на затворената владина седница. Сепак, Владата и натаму ќе ја субвенционира струјата за домаќинствата и нема да дозволи тоа да се одрази врз стандардот на граѓаните, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
„Во овој момент не можам да ја кажам цената, но бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните и продолжуваме и понатаму да ја субвенционираме електричната енергија за сите оние коишто ја добиваат на регулираниот пазар, а тоа се домаќинствата. Пазарната цена на електричната енергија во моментов е околу стотина евра, а за првпат се спроведува јавна набавка за цела година“, посочи Мицкоски.
Актуелната цена по која ЕСМ ја продава струјата за домаќинствата е 62 евра за мегават час.
Аналитика








