ПОВЕЌЕ

    Колективниот договор носи раст на платите за 21 % и низа бенефити за административните службеници

    Време зa читање: 2 минути

    Платите во администрацијата, до 2028 година, етапно ќе се зголемат за 21 насто. Растот од по седум насто во три годишни фази произлегува и е поткрепен со Колективниот договор што денес го потпишаа министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, претседателот на САДУ, Благоја Ралповски, и Андријана Гуговска – претставник на Синдикалната организација на Министерството.

    „Потпишавме историски Колективен договор – прв што ова Министерство го потпишува, со кој платите растат до 21 насто и се предвидуваат бројни придобивки за вработените“, истакна

    Со Колективниот договор се унапредуваат правата на вработените, обезбедувајќи поповолни услови од оние предвидени со постојните законски решенија и колективни договори во јавниот сектор. Документот опфаќа низа нови и проширени права, во согласност со важечката законска рамка, со цел подобрување на статусот и условите за работа на вработените.

    Клучната новина, се вели во соопштението од Министерството, е значителното зголемување на платите на административните службеници. Тоа ќе оди етапно: 7 насто зголемување од 1 март 2026 година; дополнителни 7 насто од 1 март 2027 година и уште 7 насто од 1 март 2028 година.

    Со ова, вкупното зголемување на платите ќе достигне 21 насто во наредниот тригодишен период.

    Платите на вработените кои немаат статус на административни службеници ќе се уредуваат согласно Законот за минимална плата и општите прописи за работни односи.

    Колективниот договор предвидува и бројни бенефити за вработените, меѓу кои: додатоци на плата за ноќна работа, сменска работа, работа во денови на празници и прекувремена работа, јубилејни награди, гаранции за заштита од вознемирување на работното место, мерки за заштита и безбедност при работа, уредување на платени и неплатени отсуства и друго.

    Со потпишувањето на овој договор, посочено е во соопштението, Министерството и социјалните партнери испраќаат силна порака за заедничка посветеност кон подобрување на работничките права, јакнење на социјалниот дијалог и градење модерна и ефикасна јавна администрација.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично