ПОВЕЌЕ

    Кока Кола со фокус на брендовите „со најголем потенцијал за раст на потрошувачката база“.

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемиот светски производител на пијалоци, Американската корпорација „Coca-Cola“ планира да го преполови бројот на брендовите кои ги нуди на глобалниот пазар односно на 200.

    Документот кој во четврток е објавен на мрежната интернет страница на компанијата, не може да се претпостави кои брендови ќе бидат напуштени.

    „Компанијата очекува во своето портфолио да вклучува приближно 200 основни брендови, што е намалување за околу 50 отсто од сегашната бројка, а исто така постепено ќе укинува некои од своите производи, како Ziko и Tab“.

    Телевизијата CNN во својот прилог по оваа информација, наведува дека во текот на вирутелната конференциска врска во која учествувале инвеститорите и аналитичари, дирекорот на „Coca-Cola“, Џејмс Квинси рекол дека веројатно ќе бидат згаснати брендовите на некои пијалаци. Појаснил дека во многу случаи станува збор за производи кои се произведуваат и пласираат само во некои делови од САД, а не низ целата земја.

    Од Coca-Cola појасниле дека имаат намера да се фокусираат на брендовите „со најголем потенцијал за раст на потрошувачката база“.

    Приходите и добивката паднале во третото тримесечје годинава, имајќи предвид дека многу угостителски објекти и кина беа затворени поради пандемијата од коронавирусот.

    Приходите на „Coca Cola“ во периодот од јули до септември паднале за 9 отсто, на 8,7 милијарди долари. Добивката по акција, пак, забележала пад за 33 отсто, на само 40 центи.

    Пад забележала продажбата на јавни места за 15 отсто, поблаго отколку во април, месецот кој беше одбележан со најстрогите мерки на затворањето, кога се забележа драстично намалување за 50 отсто. „Coca Cola“ остварува околу половината од своите приходи со продажба на безалкохолни пијалаци на јавни места.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично