ПОВЕЌЕ

    КОКА-КОЛА ПОВЛЕКУВА ШИРОК СПЕКТАР НА БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ поради покачените нивоа на хлор, речиси кај сите брендови

    Време зa читање: 2 минути

    Кока-Кола, Спрајт, Фанта и другите безалкохолни пијалаци се повлекуваат низ Европа поради безбедносни причини, по откривањето на високи нивоа на хемиски нуспроизвод од средствата за дезинфекција со хлор.

    Некои од пијалоците, затворени во лименки и стаклени шишиња во фабрика во Белгија, содржат „прекумерно висока содржина на хлорат“.

    Засегнатите производи се: Кока-Кола, Спрајт, Фанта, Фузе чај, Минут Меид, Налу, Ројал Блис и Тропико.

    Coca-Cola Europacific Partners Belgium изјави за новинската агенција АФП дека контаминираните пијалоци се дистрибуирани во Белгија, Холандија, Британија, Германија, Франција и Луксембург од ноември.

    Хлоратот, кој може да предизвика дефицит на јод, е нуспроизвод на средствата за дезинфекција со хлор што широко се користат во третман на вода и преработка на храна.

    „Поголемиот дел од засегнатите и непродадените производи веќе се отстранети од полиците на продавниците и продолжуваме да преземаме мерки за отстранување на сите преостанати производи од пазарот“, изјави Кока-Кола за АФП.

    Коментирајќи за количествата, фирмата додава: „Немаме прецизна бројка, но јасно е дека се работи за значителна количина“.

    Производителот на пијалаци рече дека проблемот бил откриен при проверки во фабрика во Гент.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично