ПОВЕЌЕ

    Која македонска компанија ги наградува вработените со дијаманти?

    Време зa читање: 2 минути

    Во стил кој што ѝ е веќе својствен, MINT FinTech Group го организираше традиционалниот интерен настан „Оскари“, на кој секоја година се наградуваат вработени за нивната исклучителна посветеност, иновација и тимски дух. Настанот се одржа во елегантната атмосфера на Pura Bar, збогатен со жива џез музика, пури и виски, во духот на вистинска гала вечер.

    Наградите беа доделени во осум категории, вклучувајќи:

    Најкреативна личност, Продажна ѕвезда на годината, Лице на годината во Back Office, Новата надеж (New Star), Најомилен колега, Менаџер на годината, Тимски играч и Mintist на годината.

    Дополнително, десет вработени кои годинава слават 5 години работа во MINT FinTech Group добија дијаманти како симбол на благодарност и стабилност. Најемотивен момент беше признанието за вработена која годинава одбележа 10 години лојалност кон компанијата – момент што доби стоечки аплауз.

    „Во MINT веруваме дека луѓето не се ресурс – туку срце. И секогаш ќе ги славиме оние што ја движат оваа компанија со знаење, ентузијазам и интегритет.“

    – изјави Бујар Драла, HR менаџер на комапнијата.

    Со оваа практика, MINT FinTech Group уште еднаш потврдува дека културата на препознавање и вреднување е дел од нејзиниот идентитет – и дека успехот се гради таму каде што лојалноста не е претпоставка, туку приоритет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично