ПОВЕЌЕ

    Која е најголемата американска компанија по пазарна вредност без приход?

    Време зa читање: 2 минути

    Компанијата поддржана и од Амазон и од Форд Мотор, Ривиан, ја симна Луцид Груп од врвот на листата на големи компании без продажба.

    Инаку, Луцид Груп е и нова компанија за производство на електрични автомобили, пишува Лидер.

    Блумберг објаснува дека во однос на првичната јавна понуда од 78 долари, акциите на Ривиан во средата скокнале за 67%. Тоа значи дека им недостигаат околу 25 отсто од профитот за да го надминат Volkswagen AG, еден од најголемите светски производители на автомобили, според пазарната вредност. Во меѓувреме Луцид годинава забележа раст на цената на акцијата за 339 отсто, пренесува порталот Т.

    „Тоа е едноставно неверојатно затоа што компанијата сè уште не забележала видлив приход“, рече Мајкл Хјусон, главен пазарен аналитичар во CMC Markets, зборувајќи за проценката на вредноста на Rivian.

    Патем, електричните возила особено привлекуваат интерес на инвеститорите од средината на 2020 година, кога владите, креаторите на политики и корпорациите објавија планови за инвестирање во индустријата како форма на борба против климатските промени. Неодамнешните извонредни перформанси и инвестициите на Tesla во компаниите за изнајмување електрични автомобили, Hertz, дополнително ги зголемија акциите на компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично