ПОВЕЌЕ

    КОЈ ВЛОЖУВА ВО АКЦИИ – ДОБИВА: „Раде Кончар“ Апаратна техника со добивка од 212 илјади евра

    Време зa читање: 2 минути

    Акционерското друштво „Раде Кончар“ Апаратна техника – Скопје во деветте месеци од годинава оствари нето-добивка од 13.074.567 денари или 212,5 илјади евра. Вкупните приходи се 21.094.656 денари, односно речиси 343 илјади евра.

    Позитивните резултати произлегуваат од приливите по основ на капитална добивка од продажба на хартии од вредност, наемнини и услуги.

    Во структурата, како што информираат од компанијата, учество имаат и приходите од исплатените дивиденди од добивката реализирана во текот на минатата година, од друштвата во кои има свои вложувања.

    Останатите приходи, пак, од услугите и наемнините бележат минимално намалување споредено со претходната година.

    Од јануари до септември „Раде Кончар“ Апаратна техника има вкупен износ на расходи од 7.764.689 денари/126 илјади евра. Интенција е намалување на трошоците и евидентирање подобри резултати.

    Очекувањата се дека претстои зголемување на добивката, пред се од вложувањата во хартии од вредност. Инаку, компанијата е една од ретките што инвестира во акции. Меѓу другото, поседува акции од Комерцијална, Стопанска, ТТК и УНИ Банка, од „Алкалоид“, „Македонијатурист“, „Македонски телеком“, „Прилепска пивара“…

    Компаниата има издадено 206.230 обични акции со номинала вредност од по 20 евра. Вкупниот номинален капитал изнесува 4,1 милион евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично