ПОВЕЌЕ

    Кој вложи 8,1 милиони денари во Алкалоид

    Време зa читање: 3 минути

    Членот на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Виктор Стојчевски, се стекна со 500 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје.

    Оваа информација ја сподели компанијата преку Македонска берза.

    Вложувањето на повеќе од 8.1 милиони денари во акции на „Алкалоид“, секако ќе биде дополнителен охрабрувачки сигнал за акцинeрите кои имаат акции во компанијата, тие да не ги продаваат, а воедно и мотив да се охрабрат нови инвeститори да купат акции од Алкалоид.

    Членовите на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје во континуитет вложуваат во акцијата на Алкалоид, и тоа е позитивна корпоративна пракса.

    Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидни акции на берзата.

    Компанијата донесе одлука за распоредување на добивката од 2021 година. Дел ќе оди за исплата на дивиденда и данок на личен доход во износ од 629.795.320 денари, додека дел ќе оди за инвестиции, поточно 651.610.383 денари.

    Нето добивката на компанијата изнесува 1.281.405.703 денари.

    Собранието на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 04.04.2022 година, ја донесе одлуката за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2021 година (дивиденден календар).

    Согласно Одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена по годишната сметка за 2021 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2021 година во висина од 396,00 денари нето, односно 440,00 денари бруто, за една акција.

    Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

    Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2021 година е 19.04.2022 година.Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2021 година е 20.04.2022 година. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2021 година е 21.04.2022 година.

    Исплата на дивидендата за 2021 година ќе започне од 18.05.2022 година.

    Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 03.03.2022 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2021 година во износ од 440,00 денари бруто, односно 396,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 400,00 денари бруто, односно 360,00 денари нето е поголема за 10% на нето основа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично