Иван Туџаров генерален директор на Реплек и Даница Зимбакова денеска како акционери кои имаат над пет отсто сопственост во друштвото доставија до Македонска берза известување со предлог нови членови на Надзорниот одбор на компанијата.
Туџаров и Зимбакова ги предлагаат за членови на Надзорниот одбор на компанијата, Беака Василако, Јулијана Колева Русовска, Маја Давчева и Бојан Аврамовски за независен член.
Во Реплек, инвеститори кои поседуваат над 5% акции во Реплек се:
- Отворен Задолжителен Пензиски Фонд Сава Пензиски Фонд 6,40%
- Славица Туџарова Трајковска 11,57%
- Владимир Пецовски 5,79%
- Душан Пецовски 11,92%
- Друштво за трговија и услуги Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје 6,10%
- Иван Туџаров 11,20%