ПОВЕЌЕ

    Кој најмногу штеди во ЕУ?

    Време зa читање: 2 минути

    Иако стапката на заштеди на домаќинства во ЕУ се намали во третиот квартал на 2020 година, сепак беше 4,5 проценти повисока од пред една година, покажуваат податоците на Евростат. Главната причина за зголемувањето на годишно ниво е што трошоците на домаќинствата во Европа сè уште беа за 3,6 проценти пониски отколку пред една година.

    Бруто расположливиот приход на домаќинствата се опорави и беше за 1,5 процент поголем од една година во третиот квартал на 2020 година. Во споредба со третиот квартал од 2019 година, стапката на заштеди на домаќинствата се зголеми во сите земји-членки во текот на третиот квартал.

    Најголем пораст на годишно ниво е забележан во Холандија од 7,9 проценти и Данска од 7,7 проценти. Во повеќето земји, сепак, растот од година во година беше помал отколку во претходниот квартал.

    Тоа е затоа што трошоците за лична потрошувачка на домаќинствата се зголемија во споредба со претходниот квартал, иако сè уште беа пониски од пред една година во сите освен во две земји-членки; во Полска каде потрошувачката порасна за 3,8 проценти и Португалија за 0,2 проценти, пренесува “НоваЕкономија”. Најголем пад на потрошувачката на домаќинствата на годишно ниво е забележан во Шпанија (-8,5%) и Италија (-7,4%).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично