
„Глоба во износ од 2000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на одговорното лице во институцијата доколку не ги усогласат актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работните места согласно со членот 5 на овој закон“.
Директорите и управителите на државните институции, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, општините и акционерски друштва во државна сопственост ќе бидат казнети со 2.000 евра доколку не им дадат работни задачи на „рамковно“ вработените административци, според-предлог законот кој влезе во Собранието а треба да се донесе во скратена постапка.
.Министерството за политички систем, каде се вработени нераспоредените административни службеници кои со години добиваат плата а не одат на работа, ќе го изготви планот каде тие ќе работат активно, владата тој план ќе го усвои.
Рокот за изготвување на планот е 15 дена од влегувањето во сила на закон.
Институциите општините и државните и јавни претпријатија ќе треба да го реализираат планот.
Според законот, државата мора да им понуди најмалку иста плата, но не и пониска од онаа која претходно ја земале. Затоа во предлог буџетот за 2021 година била предвидена слична сума како за годинава, или 9,3 милиони евра за 1.430 вработени
Секој вработен решението за трајно упатување ќе ги добие од Министерството за политички систем и ќе мора во рок од седум дена да го потпише. Доколку го одбие, му се укинува работното место во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и се евидентира на трансфер – листата за можни преземања на Министерството за информатичко општество и администрација.
Министерот Јетон Шаќири најави дека таму рокот за да се прифати новата понуда за работно место ќе биде уште помала, или во спротивно трајно ќе им се раскине работниот однос.
Според официјалните податоци, во Министерството за политички систем вработени се вкупно 1.500 лица. Секој од нив, годишно добива по 6.300 евра, или по повеќе од 500 евра месечно, плата што е повисока од просечната плата во Македонија.
Аналитика








