Индексот на трошоците на животот во март 2022 година, во однос на март 2021 година, бележи зголемување од 8.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 9.6 %, забележа Државниот завод за статистика.
Што најмногу поскапело за една година? Еве ја ТОП 10 листата:
- течни горива 55,8 %
- гас 32,7%
- горива и мазива за сопствени превозни средства 29,1%
- воздухопловен патнички транспорт 26,1%
- масла и масти 23,8%
- ракување со сопствени превозни средства 21,3%
- фотографска и кинематографска опрема 20,4%
- транспортни услуги 19,4%
- чистење, поправање и изнајмување облека 18,3%
- зеленчук 17 %
Државниот завод објави и дека индексот на трошоците на животот во март 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.6, а индексот на цените на мало изнесува 101.5. Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај млекото за 7.3 %, јајцата за 6.0 %, свежото и разладеното овошје за 5.9 %, лебот и житата за 5.0 %, пивото за 2.9 %, маслото и маснотиите за 1.7 %, месото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.3 %, кафето, чајот, какаото за 1.2 %, виното, цигарите за 0.9 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 0.5 %, сирењето и урдата за 0.2 %.
Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата за 8.2 %, течните горива за домаќинствата за 8.1 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 6.1 %, патниот патнички транспорт за 5.2 %.