ПОВЕЌЕ

    Кој ја има убедливо најниската просечна плата, не се текстилците

    Време зa читање: < 1 минутa

    Државниот завод за статистика ги објави податоците за февруари за просечна плата во земјава и може да се каже сите останаа подзинати. Всушност заводот објави дека просечната плата за февруари во земјава изнесува 27 948 денари, а многу граѓани се запрашаа кои им ја билда просечната плата бидејки повеќето едвај егзистираат.

    Ако програмерите рушат рекорди во просечна плата од над 70 илјади денари, тогаш кои се оние чија работна сила е убедливо најмалку платена.

    Иако многумина сметаат дека текстилците би биле на дното на табелата, сепак има работници што се помалку платени и од нив. Најмала просечна плата со 15.830 денари се работниците под ставката заштита и истражни дејности.

    Работниците од кожарската индустрија се исто така меѓу најслабо платени со просечна плата од 16 581 денар.

    Туристичките агенции бележат просечна плата од 16 818 денари. И на четврата позиција на дното со најмала просечна плата се текстилците со 17 652 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично