Зошто Македонија никако да ја смири инфлацијата, особено кај храната? Горан Ѓеорѓиевски, претседател на Агробизнис комората во ССК, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ посочува дека проблемот е во отсуството на домашно производство и слабата поддршка од државата. Како да го решиме проблемот?
„Во Бугарија имаат фондови по различна основа за сериозна инвестиција во обновливи изводи, во високотехнолошка опрема, во инфраструктура. Значи, по сите основи имате 50-60% грант на дадената инвестиција. Кога ќе имплементираат во оваа опрема, тогаш регионално ќе почне да се инјектира во вашата држава, затоа што евтини квалитети. Нема друг начин да ја водиш војна, освен државата да ги употреби истите стимуланси кон сопствените микро и мали и средни претпријатија.