Во оваа епизода од „Каде се парите?“, водителот Горан Теменугов разговара со Филип Иванов, потпретседател на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад, за најсериозниот еколошки криминал кој тивко се случува пред наши очи – уривање на легалниот систем за собирање на отпадно масло.
Наместо да се чуваат системот – тој се поткопува за личен профит.
Моторното масло се собира, но не од оние што треба. Заработуваат шверцери, губи целата држава.
„Увозниците или производителите плаќаaт за тоа да биде собрано кај колективниот постапувач и наместо колективниот постапувач да може да ги искористи парите што му се платени за преработка, за собирање, за транспорт, за понатамошна обработка на тоа масло, се случува да не може да го собира тоа масло, затоа што некој дошол, му го платил на создавачот, во овој случај механичарската работилница и направил со маслото сопствен бизнис. Тоа е паралелен систем на ова што ние го создаваме.“
Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.
Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.